СВР Битола: Нема никакви киднапирања во Прилеп и во другите градови

СВР Битола

Во врска со информациите пласирани во јавноста од страна на некои поединци, кои се шират на социјалните мрежи за наводно киднапирање во Прилеп, СВР Битола доцна попладнево испрати известување до јавноста дека станува збор за класично ширење на лаги и невистини од страна на некои неодговорни поединци, се со цел да ги вознемират граѓаните.

– Нема никакво киднапирање ниту во Прилеп ниту било каде во државата. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги. Полицијата ја гарантира безбедноста на сите граѓани. Против лицата што шират лаги со цел да предизвикаат паника, во координација со Обвинителството, ќе бидат преземени соодветни мерки-стои во информацијата на СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот