Светскиот шампион во бокс Тајсон Фјури му испрати договор на Џошуа за спектакл на „Вембли“

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Светскиот шампион во бокс, во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Британецот Тајсон Фјури ја информираше јавноста дека му испратил договор на сонародникот Ентони Џошуа за борба на стадионот „Вембли“ во Лондон во септември оваа година, пренесува „Скај Спортс“. Фјури (34) не боксува откако ја одбрани титулата против друг Британец, Дерек Чисора, во декември.

Минатиот септември тој ја откажа својата предложена „Битка за Британија“ против двократниот светски шампион Џошуа, велејќи во тоа време дека неговиот сонародник не го потпишал договорот пред крајниот рок.

– Тоа е борба која сите сакаат да ја видат, вклучително и јас. Овој пат нема да правам милион видеа и да продолжам да форсирам – напиша непобедливиот Фјури на својот Инстаграм.

Претходно оваа година, Британецот требаше да се соочи со Украинецот Александар Усик, шампион на ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА, но разговорите пропаднаа во март.

Фјури има 33 победи и едно реми во 34 борби, додека Џошуа има 25 победи и три порази во 28 борби во професионалниот ринг.

Џошуа, кој го победи Американецот Џермејн Френклин на поени во Лондон во април, двапати загуби од 36-годишниот Усик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот