Светот е под стрес: Пандемијата на коронавирусот создаде нов егзистенцијален страв

Фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Неочекувани промени во расположението. Импулсивни рекации. Не можеме да го контролираме тонот на нашиот глас. Ако и вие сте имале некое од овие искуства во последниве месеци, не сте сами во ова!

Во август, кога Американската асоцијација за психологија анкетирала 3.409 возрасни лица, половина од анкетираните изјавиле дека пандемијата со коронавирус негативно влијае на нивното ментално здравје и однесување.

Овие резултати воопшто не се изненадувачки. Кај огромен број од населението во државите погодени од пандемијата се појавува феноменот на „страдање“ што до неодамна беше незамисливо чувство сè додека глобалните власти не го нарекоа „нашата нова нормалност“.

Ефектите од пандемијата на коронавирусот за физичката, менталната и финансиската благосостојба на луѓето никој не можеше да ги предвиди.

 

 

Повеќе од ¾ од анкетираните во Америка изјавиле дека КОВИД-19 е значаен извор на стрес во нивниот живот.

Сепак, сите сме свесни дека повеќе кризи го соединуваат тој притисок. Пандемијата, во комбинација со анкциозноста, расната дискриминација, здравствените системи, климатските промени, политиките и „иднината“ на земјите во светот создадоа услови за долготрајна криза со менталното здравје.

Припадниците на генерацијата „Z“, кои се на возраст меѓу 18 и 23 години, можеби најизразито се справуваат со новата доза на стрес во споредба со другите генерации. Тие се соочуваат со неизвесна иднина, имаат малку животно искуство, перспектива, финансиски средства неопходни за навигација во оваа планетарна катастрофа која ја живееме денес.

 

 

Без оглед на возраста, кумулативниот ефект на доживување на толку многу стресови одеднаш ги „турка луѓето до точка на кршење“, вели д-р Вајл Рајт, клинички психолог.

Постојат начини да се справиме со овие нови околности, вели д-р Рајт. Тоа вклучува прифаќање на фактот дека моменталната состојба е инхерентно стресна. Ниту еден „магичен куршум“ нема да направи да „исчезнат“ нашите секојдневни грижи.

Наместо тоа, можеме да се фокусираме на секој ден одделно, со контрола над работите што можеме да ги смениме сами, како што се спиење, диета, вежбање, медитација, молитва и време поминато со пријателите и семејството.

 

 

Иако, факт е дека светот е длабоко погоден од „наметнатиот“ стрес од политичките и социјалните проблеми. Бројот на заболени и починати од коронавирусот продолжува да расте.

Дополнително се зголемува невработеноста, оставајќи многу луѓе обесправени, барајќи спас од државите во кои живеат, да им помогнат да ја преживеат пандемијата.

Милиони луѓе во светот во последните неколку месеци го изгубиле осигурителното покритие затоа што тоа во повеќето случаи е поврзано со вработувањето.

Мораме да најдеме начин да се справиме со ова и да ја подобриме грижата за себе.

 

 

Сегашната ситуација навистина ја разоткри важноста на лидерството и важноста на пристапот до ресурсите, од кои и двете во моментот ни недостасуваа“, вели д-р Рајт.

Мораме да учествуваме за да успееме да го надминеме овој егзистенцијален страв, да најдеме начини како да ја подобриме ситуацијата во која се наоѓаме.

 

Волонтирајте, дарувајте крв, помогнете на вашите комшии, селектирајте отпад, помогнете на бездомници – eдноставно најдете начини за личен придонес.

Учеството може да функционира како вештина за справување, затоа што давањето го враќа чувството на исполнетост, го намалува стресот, па дури и може да ослободи ендорфин што е клучен елемент за подобрување на расположението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот