Судот во Јапонија поднесе обвинение за убиецот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Фото: EPA-EFE/The Asahi Shimbun

Судот во Јапонија и официјално поднесе обвинение за убиецот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, пренесува локалниот весник „Јомиури“.

Станува збир за четириесет и двегодишниот Тецуја Јамагами, кој беше обвинет за убиство и нелегално поседување оружје откако помина шест месеци под надзор на психијатар, пренесува „Ројтерс“.

Според обвинението, Јамагами го застрелал Абе во западниот јапонски град Нара на 8 јули 2022 година, додека поранешниот премиер држеше говор по повод изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот