Судот во Англија ослоби сопственик на куче кое усмрти жена

Американски були куче / Фото: Emmanuelle Grimaud / Alamy / Alamy / Profimedia

Сопственик на кучиња кои викендов ја нападнале и убиле 68-годишната Естер Мартин во Есекс е пуштен со кауција. Мартин била убиена во саботата попладне, а полицијата потоа уапси 39-годишен маж под сомнение дека одгледува „опасна раса на куче“.

Како што е познато, сопственикот на кучињата веќе ја познавал жртвата. „Истрагата напредува добро. Работиме со експерти за да го потврдиме типот на расата. Можеби ќе потрае неколку дена, но многу е важно да го утврдиме тоа”, рекол детективот Стјуарт Трус, а пренесува Sky News.

Ќерката на жртвата, Соња Мартин, тврди дека се работи за американски були, чие размножување беше забрането во Англија на почетокот на февруари. Наводно, сопственикот имал две возрасни кучиња и шест кученца.

Нападот на кучето се случил само неколку дена откако стапи на сила забраната за расата американски були поради серијата напади во последниве години. Тоа значи дека сега е незаконски да се поседува таков тип на куче, односно во Англија се смета за кривично дело. Сопствениците на вакви кучиња може да бидат казнети со парична казна, а во случај на насилни инциденти може да добијат затворска казна до 14 години и забрана за поседување животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот