Судијата Наке Георгиев на чекор до избор за член на Судскиот совет, запрена е постапката која се водела против него

Наќе Георгиев/Фото: Фокус

Врховниот судија Наке Георгиев на чекор да биде избран за нов член на Судскиот совет како единствен кандидат од врховниот суд. Денеска Судскиот совет на затворена седница ја запрел постапката што се водела против него, отворена минатата година за перидот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип, објави „Фокус“.

-По едно барање за судија, во својство на претседател на апелационен суд, постапката се запира, се вели во дел од соопштението на Судскиот совет.

Постапката против Георгиев е запрена еден ден пред официјално да се потврдат кандидатските листи за двајца нови членови на Судскиот совет, откако врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и Апелациониот судија, Зоран Герасимовски поднесоа оставки по критиките во јавноста од правната фела, но и од амбасадорите.

Георгиев е врховен судија за граѓанската област. Трансферот го направи од позицијата претседател на Апелацискиот суд Штип. Во неговата биографија на Георгиев е запишано дека станал судија во струмичкиот Основен суд во 1997 година, а во 2004-тата е избран за судија во штипска Апелација. Претседател на овој суд станал во ноември 2017. Всушност Герогеив напредувал кога СДСМ дошле на власт.

Неговата сопруга е обвинителка во Струмица, а синот заврши на Академијата за судии и јавни обвинители со контроверзната генерација на слушатели, чии имиња се поврзуваа со високи политички и судски функционери.

Освен Георгиев, кандидат за член на Советот е Антоанета Димова, долгогодишна судијка во Граѓанскиот суд, која се кандидираше и за Уставен судија. Претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев исто така поднел кандидатура, но не му биле комплетирани документите, па се уште тече рокот да достави целосна документација.

Во среда, според соопштението од Судски совет, ќе се утврдат кандидатски листи по објавен Оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ;

Ќе се формира Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите и судиите ќе гласаат за кандидатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот