Студија: Вакцинираните со бустер дозата позаштитени доколку член од семејството се зарази со омикрон

Европа / Фото EPA-EFE/PHILIP DAVALI DENMARK OUT

Ако еден член од домаќинството се зарази со омикрон, ризикот од инфекција за другите членови на тоа семејство е многу помал доколку се вакцинираат со т.н. „бустер доза“, покажа новото истражување.

Една данска студија потврди дека омикронот многу полесно се пренесува од делтата, а шансите двапати вакцинираните лица да се заразат со коронавирусот ако еден член од домаќинството е заразен се речиси три до четири пати поголеми во случајот со омикрон отколку делтата.

Омикрон е 2,6 пати позаразен од делтата

Истражувачите анализирале податоци за пренос на коронавирусот меѓу членовите на скоро 12.000 дански домаќинства во кои некој бил заразен. Од нив, омикрон е евидентирана во 2.225 домаќинства.

Откриле дека по првата инфекција во домаќинството биле заразени вкупно 6.397 други членови на домаќинството.

Земајќи ги предвид другите фактори на ризик, истражувачите открија дека ширењето на вирусот кај целосно вакцинирани поединци е 2,6 пати поголемо во домаќинствата во кои доминираат омикрони отколку во оние во кои доминираат делта.

Ова се резултатите од анализата објавена од научниците на веб-страницата medRxiv, која се уште не го поминала стручниот преглед.

Вакцинирани со бустер повеќе заштитен од омикрон

Тие, исто така, открија дека домаќинствата каде има член заразен со омикрон имаат речиси 3,7 пати поголема веројатност да бидат заразени отколку кај семејствата заразени со делта сојот, што е во прилог на фактот дека омикрон е многу позаразен од делтата.

Меѓутоа, кога ја проучувале ситуацијата исклучиво во домаќинствата во кои доминира омикрон, откриле дека веројатноста да се заразат лицата вакцинирани со бустер доза е 56 отсто помала од оние кои биле вакцинирани со една или две дози.

Тие откриле и нешто друго: кога омикрон бил регистриран во едно домаќинство кај луѓе вакцинирани со бустер дозата, тие имале помала веројатност да го пренесат вирусот на други членови на домаќинството, за разлика од невакцинираните или вакцинирани со две дози, но не и со бустер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот