Стружанка ги принудувала децата да питачат, доби кривична пријава

Момче дете питач питачење
Момче кое пита на ул. Македонија во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против жителка на Струга која ги принудувала своите деца да питачат во Дебар.

Според Стефан Димовски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид, кривична пријава е поднесена против С.Н.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

-Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца и ги присилувала да питачат во Дебар, информираше Димоски.

Ова не е прв ваков случај. Неодамна поради истите основи на сомненија кривична пријава беше поднесена, исто така, против жителка на Струга.

Таа, ја запоставила својата родителска должност за грижа на двете малолетни ќерки и свесно ги поттикнувала да вршат питачење со цел стекнување противправна имотна корист.

Во Дебар редовна е појавата на питачење, но само на лица од други градови, пред се Прилеп, Струга и Велес, поради што и општина Дебар реагираше и побара соодветни мерки од надлежните служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот