Струга во Исланд игра за групна фаза во Конференциската лига

Фото: FC Struga

Maкедонија денес може да го добие само вториот тим во својата историја кој играл во една групна фаза во европско натпреварување (првиот беше Вардар во групите во Лига Европа). За такво нешто потребно Струга да ја надполни негативата од првиот натпревар против Брејдаблик.

Брејдаблик минатата недела на стадионот „Билијанини Извори“ победи со 1:0, а денес се игра реваншот во Исланд.

Натпреварот се игра во терминот од 18:45 часот и домаќинот објави дека стадионот е распродаден, па така стружани ќе играат пред полн стадион. Брејдаблик игра на стадион со капацитет од 3.009 седишта.

За реваншот тренерот Шпетим Дуро не може да смета на суспендираните Марјан Радески кој е и повреден, како и Згуро кој беше исклучен во минатиот натпревар.

„Резултатот од првиот натпревар е во корист на противникот, бидејќи го загубивме тој натпревар во Охрид, но велам дека тоа е минимален резултат и уверен сум дека тимот ќе даде максимум на овој натпревар за да игра. Се осврнуваме и на првиот меч кој секако го одигравме подобро од противникот, тоа беше пораз кој барем не го заслуживме, но секако мислиме дека ќе дадеме максимум на овој натпревар. Им кажав на фудбалерите дека тоа е натпревар од 90 минути кој мора да се игра со сите сили и потоа да го видиме крајот на натпреварот“, изјави Дуро на вчерашната прес-конференција.

Како и Струга така и Брејдаблик игра за прв историски настап во групна фаза, победникот обезбедува место во групите од Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот