Строги мерки и контроли во Грција за да се спречат патувања меѓу градови за Велигден

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Над 10.000 полицајци во цела Грција се ангажирани за контрола на мерките за забрана за движење меѓу региони и патување од еден во друг град во пресрет на Велигден, рестрикции кои од претпладнево се уште построги, јави дописничката на МИА од Атина

Над 10.000 полицајци во цела Грција се ангажирани за контрола на мерките за забрана за движење меѓу региони и патување од еден во друг град во пресрет на Велигден, рестрикции кои од претпладнево се уште построги, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Службен весник на Грција беше објавена и новата министерска одлука, а жителите на Атина, во обид да ги избегнат новите правила пред тие да стапат во сила и да ги посетат викендичките и селата во различни делови на Грција, од рано утрово ја напуштаат грчката престолнина, а поради зголемените контроли, се создадоа и редици на патарините на излез од Атина.

За патување меѓу региони, согласно претходните мерки, потребна е валидна потврда за причината за патување, па така според грчките медиуми граѓаните користат различни оправдувања, како на пример дека имаат закажано на лекар или ветеринар во друг град, дека им пукнале цевки во викендичките, дека потребно е да завршат земјоделски работи и слично.

Извори од грчката полиција за државната новинска агенција АНА-МПА велат дека контролите се строги не само за областа Атика поширокиот регион на Атина, туку за целата земја, а во планот за контрола на мерките за Велигден, ќе бидат вклучени и хеликоптери и дронови

-Над 10.000 полицајци во цела Грција од цела Грција учествуваат за мерките за Велигден. Не може некои граѓани за да ги поминат патарините, да покажуваат документи за земјоделски работи или за посети на лекар, а во автомобилот да е целото семејство да заедно со багаж, велат за АНА-МПА извори од полицијата.

Според новата одлука што веќе стапи во сила и важи до 10 мај, дозволено е патување меѓу региони само доколку станува збор за работно место во друг град, за присуство на погреб за кој задолжителни се и соодветни документи (посмртница и сл), патување од здравствени причини и само за посета на државна здравствена институција, повторно со соодветни документи, еднократно заминување за постојаното место на живеење, како и патување на разведени родители за потребите на децата.

Паралелно, за прекршување на мерките предвидена е и парична казна од 300 евра, а доколку при прекршувањето се открие и фалсификувани или лажни потврди и податоци казната е дополнителни 500 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот