Столе Димитриевски ќе го продолжи договорот со Рајо Ваљекано?!

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Според „Ел Чирингито ТВ“, македонскиот голман Столе Димитревски ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски клуб Рајо Ваљекано.

Веќе подолг период се шпекулира околу иднината на репрезентативецот чиј важечки договор со Рајо истекува на крајот од оваа сезона на 30 јуни 2024 година.

За услугите на нашиот 30-годишен чувар на мрежата интерес интерес во изминатиот период покажаа Валенсија, Реал Бетис и Севиља.

Димитриевски ја игра седмата сезона во дресот на екипата од Мадрид, сезонава во „Ла Лига“ има 20 настапи од кои на осум натпревари мируваше неговата мрежа.

Претходно во клупската кариера ги бранеше боите на Работнички, Гранада и Гранада Б, Кадиз Б и Химнастик. За најдобрата македонска репрезентација до сега запиша 66 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот