Столе Димитриевски и Рајо против Жирона за четвртфинале во Кралскиот куп

фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Со жрепка ги дознавме осминафиналните двојки во „Копа дел Реј“, а во оваа фаза ќе испадне еден од фаворитите за освојувањето на пехарот.

Меѓу осминафиналистите има вкупно 14 прволигаши, Тенерифе е единствениот второлигаш, а Унионистас доаѓа од третолигашката конкуренција.

Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за противник го доби најголемото изненадување сезонава во „Ла Лига“, екипата на Жирона.

Барселона се очекува да ја оправда фаворитската улога против Унионистас, додека ланскиот финалист Осасуна ќе ги одмери силите со Реал Сосиедад.

Реал Мадрид, кој го брани трофејот, за пласман во четвртфиналето ќе има голема пречка пред себе, градскиот ривал Атлетико Мадрид. Сите натпревари ќе се играат во периодот од 16 до 18 јануари 2024 година.

„Копа дел Реј“

Осминафинале, двојки

Унионистас – Барселона
Тенерифе – Мајорка
Хетафе – Севиља
Осасуна – Реал Сосиедад
Валенсија – Селта Виго
Атлетик Билбао – Депортиво Алавес
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид
Жирона – Рајо Ваљекано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот