Стојанче Ангелов: Пронајденото тело на планинарот на Титов Врв не дава никакви знаци на живот

Фото: ЦУК

Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв е пронајден во провалијата. Ова го изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е вклучен во акција за извлекување на телото, во телефонски разговор за „Слободен печат“ кој посочи дека пронајденото тело не дава никакви знаци на живот.

„Ние како институција не можеме да ја констатираме смртта, за тоа се надлежни други служби, но пронајденото тело не дава знаци на живот. Во моментов за спроведува спасувачка акција за извлекување на телото. ЦУК ќе излезе со подателни информации“, изјави директор на ЦУК Стојанче Ангелов

Синоќа околу 20 часот беше пронајден и првиот планинар кој извести за несреќата.

„Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титив Врв. Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и тоа од кај страната на Титов Врв околу три часот е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди при претражувањето на теренот. Со цел пронаоѓање и на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница. По неколку часови екипата успе да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа“, стои во информацијата на фејсбук страницата на ЦУК

.

Инаку вчера се случувала вистинска драма на Шар Планина, во реоните околу Титов Врв и Лешница. Планинар падна од карпа во бездна,  по што беше пријавено на телефонскиот број за итни случаи 112 каде цела ноќ траеше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) со полицијата  за извлекување на планинарот.

Драма на Титов Врв: планинар паднал од карпа во бездна, спасувачи брзаат да го извлечат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот