Фото: Општина Гази Баба

Стефковски: Заштитеното подрачје „Интегрална целина Острово“ треба повторно да го добие статусот на заштита од државата

Градоначалникот на Оптина Гази Баба Бобан Стефковски, заедно со претставници од Шумарскиот факултет и членови на Советот на општина Гази Баба беше во посета на Заштитено подрачје „Интегрална целина Острово“, информираат од Општината.

– Заеднички утврдивме дека е потребно отпочнување на процес за повторно прогласување на Заштитено подрачје „Интегрална целина Острово“ во што општина Гази Баба прифаќа да биде партнер и поддршка на Шумарскиот факултет – нагласи градоначалникот Стефковски.

Инаку, колку за потсетување, заштитено подрачје „Интегрална целина Острово“ се состои од три подрачја: Првиот дел е наречен Езерце и преставува место каде што се гнездат различни видови на птици, а уште се нарекува и место за гнездење, одмор и прелет на различните видови на птици. Вториот дел е наречен Арборетум што преставува збирка на различни алохтони видови на дрвја, односно дрвја на кои ова не им е природно живеалиште туку се насадени за научни цели.

Истата е подигната во 50тите години на минатиот век и содржела околу 600 видови дрва од целиот свет. Во тоа време дел од арборетумот се користел за производство на садници. И третиот дел е наречен Острово кое преставува поранешно островче на два крака на реката Вардар, мало подрачје на сочувана автохтона вегетација и живеалиште на голем број на различни животни.

– Ова заштитено подрачје треба повторно да го добие статусот на заштита од државата бидејќи претставува природна убавина од редок тип – децидни се од Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот