Стефановиќ: Вучиќ сакаше да се обрати на протестот, ама се откажа поради малиот број луѓе

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, вечерва изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ имал намера да им се обрати на собраните луѓе на протестот во Белград, но тој се откажал од таа идеја поради малиот број на присутни.

– Знам дека претседателот сакаше да им се обрати, но кога ги виде бројките, колку луѓе дошле, тој едноставно се откажа – изјави Стефановиќ.

Тој рече дека на протест во центарот на Белград имало помеѓу 7.300 и 7.500 луѓе, но нивниот број се намалувал по обраќањето на одредени говорници.

– Прво, заминаа неколку десетици, а потоа неколку стотици, особено по говорот на Сергеј Трифуновиќ, а сега на прошетката има помеѓу четири и пет илјади луѓе – рече тој.

Министерот за внатрешни работи Стефановиќ, вечерва изјави дека не сака никого да навреди, но за него, барањата на опозицијата се „смешни”.

На протестот „Сите како еден, еден од пет милиони” беше побарано формирање на заедничка комисија на владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот