Старите сандали на Стив Џобс беа продадени за повеќе од 200 илјади долари

Сандалите на Стив Џобс / Фото: Фејсбук

Старите сандали на соосновачот на „Епл“, Стив Џобс беа продадени на јавната аукција „Икони и идоли: Рокенрол“ за нешто повеќе од 200 илјади долари. Ова постави рекорд за највисока цена платена за сандали на аукција, објави аукциската куќа „Julien’s Auctions“.

Почетната цена на сандалите, кои се од брендот „Биркенсток“ и се изработени со кафеава превртена кожа, била 60 илјади долари, а биле продадени за неверојатни 218.750 долари.

Пред продажбата, сандалите биле претставени како „износени“, но било нагласено дека сѐ уште изгледаат „како нови“.

„Ѓонот од плута сѐ уште го има отпечатокот на Стив Џобс, кој се создал со годините кога тој ги носел овие сандали“, објави аукциската куќа на својата веб-страница.

„Биркенсток“ сандалите беа дел од гардеробата на Џобс во седумдесеттите и осумдесеттите години. Поранешниот управител со куќата на Џобс, Марк Шеф ги „спасил“ сандалите откако биле фрлени во ѓубре.

Џобс почина од рак на панкреасот во 2011 година.

„Џобс ги носеше овие сакани сандали додека го создаваше историскиот компјутер на ‘Епл’ и беа главен моден потпис на технолошката икона“, изјави Дарен Џулиен, извршен директор и основач на „Julien’s Auctions“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот