Станков: Постои можност вирусот да се пренесе од починато лице, но се уште не се знае колку време вирусот може да живее кај починатиот

-Институтот за судска медицина има ДНК лабараторија која постои подолго време и мислам дека можат да се прават тестирања за присуство на КОВИД-19. Сега се спремаме за безбедносните стандарди при работење. Ќе бидеме под надзор на Комисија и под Институтот за јавно здравје, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорот на Институтот за судска медицина, криминалистика и криминалистичка деонтологија во Скопје, Александар Станков.

Се уште не е утврдено колку време вирусот може да живее кај починато лице.

-Проблемот е што за овој вирус уште не се знае, но сигурно постои можност вирусот да се пренесе од починато лице, но се уште не се знае колку време вирусот може да живее кај починатиот. Користиме скафандери, три пара ракавици, значи преземаме дополнителни мерки за заштита. Дезинфицираме пред и после работењето после секоја обдукција.

Позитивниот брис укажува на тоа дека постои генетски материјал на вирусот, што значи дека индивидуата била заразена, но за да се докаже дека починала токму од инфекцијата со вирусот, вие треба да направите микроскопски препарати со кои што ќе се прегледаат ткивата и доколку имало воспаленија, особено на белите дробови заедно со позитивниот лабораториски тест вие може да кажете дека лицето починало од КОВИД-19, рече Станков.

Случајот со починатата жена од Велес е интересен од научен апект, но сепак е потешко прецизно одредување на времето на настанување на смртта.

-Кај лицето од Велес интересно е од научен аспект, бидејќи после смртта е поминато одредено време. Секогаш кога се работи може да се згреши особено кога се работи со присуство на генетски материјал и работите со микро-биолошки анализи и како сте го земале примерокот. Кај нас за случајот со велешанката се исклучува можноста тој материјал да е загаден. Она што е многу потешко и не ви дава да одредите точно и прецизно е да го одредите времето на смртта. Тука влијаат многу фактори. Колку подолг периодот толку е можноста за грешка поголема. Затоа треба полека и смирено да се работи за да се даде опдреден заклучок поткрепен со научни факти и сознанија, изјави Станков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот