Стадионот на Ливерпул после 104 дена пауза (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

Ливерпул со натпреварот против Кристал Палас после 104 дена пауза поради пандемијата на коронавирус се враќа на „Енфилд“.

Поради ситуацијата со Ковид-19 до крајот на сезоната во Премиер лигата нема да биде исто како досега, бидејќи ќе ги нема навивачите на трибините.

Но, фановите на овој клуб се погрижија да го украсат стадионот со своите знамиња и други реквизити со цел да испратат порака до играчите на Јирген Клоп дека не се сами.

Редси се многу блиску до освојување на титулата, во последните осум кола им недостасуваат уште пет бодови и математички да бидат шампиони.

Теоретски „црвените“ прво доколку триумфираат над Кристал Палас, а потоа и Манчестер сити не го совлада Челси, ќе го потврдат првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот