Српскиот тајкун Кариќ под европски санкции поради соработката со Белорусија

Српскиот тајкун Богољуб Кариќ се најде на најновата листа на санкционирани лица од ЕУ поради блискост со Русија. Кариќ е единствен српски државјанин кој е под санкции од Советот на Европа во рамки на санкциите со Русија и Белорусија.

-Бев многу изненаден кога дознав дека моето име се наоѓа на листата на санкции на Европскиот совет. Поминаа две години од завршувањето на проектот за изградба во Белорусија, кој го изградивме по победа на меѓународен тендер, кој во образложението се наведува како пример за соработка со словенскиот свет“, реагира денеска Кариќ, запрашан за коментар за санкциите кон него.

-Бидејќи причините за ставање на листата на санкционирани се втемелени на националната припадност и недокажаните наводи и новинарска написи на нереферентни медиуми (од кои некои изгубија и спор во овој случај) сметам дека нема основа за санкции и преземам законски мерки за нивно укинување“, додаде Кариќ за Блиц.

Санкциите вклучуваат 65 поединци и 18 субјекти, а се одговор на руската инвазија врз Украина и други акции кои „го поткопуваат или го загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, пишува весникот и додава дека според службениот весник на ЕУ на Богољуб Кариќ му се замерува за работењето во Белорусија.

„Заедно со членовите на своето семејство развил мрежа на компании за недвижности во Белорусија и мрежа контакти со семејството на Александар Лукашенко. Посебно е блиску поврзан со компанијата Дана Холидингс како и Дана Астро, поранешна подружница на Дана Холдингс. Лукашенко го опиша проектот Минск Волрлд, кој го разви компанија поврзана со Кариќ како пример за соработка со словенскиот свет. Благодарение на тие блиски врски со Лукашенко и блиски лица со него, компаниите поврзани со Кариќ добија повластен третман во режимот на Лукашенко, вклучувајќи и даночни олеснувања и земјишни парцели за развој на недвижности“.

Поради тоа Богољуб Кариќ има корист од режимот на Лукашенко и го поддржува, стои во соопштението.

И српската убавица мажена за руски милијардер се најде на црната листа

Според службениот весник на ЕУ на списокот на санкционираните е и поранешната членка на групата „Моделс“, сопругата на рускиот бизнисмен Андреј Мелниченко, Александра, на која неодамна сопругот – еден од најбогатите луѓе во светот и префрли две негови големи фирми.

„Александра Мелниченко е сопруга на Андреј Игоревич Мелниченко, руски индустријалец кој е сопственик на големиот производител на ѓубрива EuroChem Group и компанијата за производство на јаглен СУЕК. Александра Мелниченко ужива во богатството на нејзиниот сопруг. Заедно со нејзиниот сопруг, таа поседува два пентхауси вредни повеќе од 30 долари милиони. Во март 2022 година, Александра Мелниченко го замени својот сопруг како корисен сопственик на Firstline Trust, управуван од Linetrust PTC Ltd, компанија што го претставува крајниот сопственик на EuroChem Group. „Покрај тоа, Андреј Игоревич Мелниченко е одговорен за поддршка или спроведување на активности или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, како и стабилноста и безбедноста во Украина“, стои во Службен весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот