Српскиот Кризен штаб ќе предложи за влез во Србија да се прават ПЦР тестови

epa08780890 Medical workers wearing Personal Protective Equipment (PPE) attend to patients at the Belgrade Arena makeshift Covid-19 hospital in Belgrade, Serbia, 28 October 2020. Serbia is witnessing a rise in coronavirus infections prompting the government to consider new restrictions. EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Епидемиологот Предраг Кон во врска со можните предлог мерки против епидемијата пред претстојните празници, кога се очекува доаѓање на голем број луѓе од странство, изјави дека медицинскиот дел на Кризниот штаб предложил на границите да се прават тестови за коронавирус, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Алтернативата е влез на голем број луѓе кои не знаат дека се заразени, а кои ќе добијат симптоми и ќе треба да се лекуваат во Србија, кажа Кон за ТВ Прва.

Тој истакна дека најважно е да се разгледа пристигнувањето на српските државјани од странство.

-Тука мора да се направат подготовки, ќе мора да има карантин и изолации, за што ќе се разговара на следниот состанок. Затворањето на границите е тешко, но медицинскиот дел од кризниот штаб нема да има ништо против ако тоа биде државна мерка, истакна Кон.

Запрашан да ги коментира извештаите во медиумите дека веќе има закажувања за новогодишни прослави, Кон одговори дека „не е реално да се очекува дека ќе бидат укинати сите мерки (ограничувања на собири) за толку кратко време”, дури и да станува збор за оние што ја прележале короната и кои се чувствуваат „безбедни”.

Кон за ТВ Прва изјави дека проблемот е во тоа што и понатаму е потребна голема хоспитализација поради „ковид-19″, поради што голем број белграѓани сè уште се лекуваат надвор од Белград, без оглед на новата болница во Батајница и дека издржливоста на здравствениот систем е на нејзините крајни граници.

Според денешните официјални податоци, во последните 24 часа во Србија починале 56 лица како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 2.005, соопштија од Министерството за здравство.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 15.697 лица биле тестирани за коронавирус и регистрирани се 6557 нови случаи на инфекција.

На респиратори се наоѓаат 283 пациенти , а вкупно хоспитализирани се 8.209 лица.

Од почетокот на епидемијата, официјално потврдени се 226.209 случаи на инфекција. Стапката на смртност е 0,89 проценти.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот