Средба Ердоган – Лапид, прва меѓу лидери на Турција и Израел од 2008 година

Лапид-Ердоган/ Фото APAImages / Shutterstock Editorial / Profimedia

Израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретнаа во вторникот на маргините на Генералното собрание на ОН, што е првпат лидерите на двете земји да зборуваат во живо од 2008 година, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Двајцата лидери разговараа за енергетиката, која стана клучна област на соработка откако односите меѓу двете земји се подобрија во последните месеци.

„Лапид му се заблагодари на Ердоган за размената на разузнавачки информации и укажа на барањето на Израел за враќање на четворицата израелски државјани, од кои двајца војници, кои се водат како исчезнати во Појасот Газа од 2014 година”, се наведува во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.

Поради конфликтот околу палестинското прашање, дојде до заладување на односите меѓу Израел и Турција, иако тие се подобрија во последните месеци, а енергетиката стана клучна област на соработка.

Турција долго време го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа, а голем дел од Западот го смета за терористичка организација.

Таквиот однос честопати беше точка на расправија во напорите за обновување на врските меѓу Турција и Израел.

Анкара беше лута поради убиството на 10 турски активисти за време на судирите што избувнаа кога израелски маринци упаднаа на бродот, кој се обиде да ја пробие израелската поморска блокада на Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот