Сребро за македонскиот триатлонец Малјановски на Отвореното првенство во Хрватска

фото: facebook.com/TriathlonMKD

Голем успех оствари македонскиот триатлонец Сергеј Малјановски Арнаудовски во кадетска категорија во Загреб.

Денеска на Отвореното првенство на Хрватска во категоријата У15, Малјановски Арнаудовски се избори за второто место на пиедесталот на овој навистина конкурентен натпревар.

Отвореното првенството се случуваше на истата патека како и Европското првенство, односно на езерото Јарун во Загреб.

Во текот на денешниот ден нашиот триатлонец Стефан Делев имаше одличен настап на Европското јуниорско првенство во Загреб, каде оствари време од 1ч. на спринт дистанца, со што заостана 6 минути и 35 секунди зад европскиот шампион.

Од другата страна на натпреварот, во организација на истиот, учествуваа 5 македонски судии кои придонесоа целиот настан да тече беспрекорно и да има европски лик. Официјални резултати ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот