Срдечна Твитер преписка меѓу Вучиќ и Ердоган: Нека секој нов ден Ви влее нова сила и одлучност

Фото: Курир.рс/Зорана Јефтиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на неговата сопруга Емина им посака брзо опоравување од коронавирусот. Ердоган експресно му одговори на Вучиќ и во пораката го поздрави и српскиот народ.

Инаку Ердоган вчера на Твитер објави дека тој и неговата сопруга се заразени со ковид-19 по што добија бројни пораки за брзо опоравување.

– Драг пријателе Ердоган, Ви посакувам Вам и на Вашата сопруга брзо оздравување и целосно опоравување. Нека секој нов ден во влее нова сила и одлучност уште повеќе да работите на напредокот на на Вашата земја и народ, му напиша Вучиќ на Твитер.

-Драг пријателе Вучиќ, и јас и мојата сопруга Ви благодариме на пораката. Упатувам поздрави до српскиот народ преку Вас, одговори Ердоган на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот