Србите кои беа евакуирани од Вухан откриваат детали за карантинот во Франција

Калаба за „Куири“ вели дека сите се сметени, дека сѐ е „ок“, како и дека се наоѓаат во некаква академија за пожарникари.

Александар Калаба, еден од четворицата Срби кои успешно беа евакуирани од хаосот кој го предизвика коронавирусот во Вухан, за српски „Курир“ вели дека тие се сместени во карантин недалеку од Марсеј и дека „сѐ е ок“, но дека единствено барање им е да им се олесни комуникацијата со семејствата.

Тој, заедно со тројца сограѓани е сместен во собите на Високата школа за противпожарни офицери, недалеку од Марсеј. Таму ќе поминат вкупно 14 дена, колкушто трае инкубацијата на заразата, и за тоа време нема да можат да го напуштат оградениот простор, кој го обезбедуваат обучени специјалци.

Калаба за „Куири“ вели дека сите се сметени, дека сѐ е „ок“, како и дека се наоѓаат во некаква академија за пожарникари.

-Собите cе еднокреветни во 99 отсто од случаите, едниствено семејствата се заедно. Од фискултурната сала ни монтираа ресторан, кој е отворен нон-стоп, имаме сокови, кафе, храната е коректна. Изолирани сме, не можеме да излеземе, оградено е подрачјето кое е за нас. Патот беше малку напорен, не задржаа и пред летот во авионот и на аеродромот, но и потоа. Кога слетавме во Франција три часа чекавме во авионот – раскажува Калаба.

Тој ја замоли српската амбасада во Франција да им го реши проблемот со телефонските картички, бидејќи интернетот е многу лош на локацијата кадешто се сместени.

-Интернетот ни е неопходен за да комуницираме со семејствата. Тоа ни е приоритет, единствено барање кое го имаме и кое многу ни значи – додаде тој за српскиот медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот