Србинка со новороденче заврши во притвор- била шеф на балканска наркобанда во Шпанија (ВИДЕО)

Триесетиседумгодишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска банда од 30 члена. Истрагата за групата која била предводена од 37-годишната Србинка започнала пред два месеца, пишуваат медиумите.

Причина за покренување истрага бил пожар во куќа во местото Оливела, Барселона. Причината за пожарот биле нелегални електрични инсталации кои, како што било откриено, снабдувале насади со марихуана.

Наскоро било утврдено дека куќата, како и другите на периферијата на Барселона, ја изнајмила родилката од Србија со нејзиниот партнер. Во изнајмените куќи, како што било откриено понатаму, Србинката направила цела мрежа на лаборатории (или плантажи) во кои одгледувала марихуана.

Извршени биле 19 претреси при што се запленети 12.600 растенија.

Работниците на насадите биле претежно српски државјани. Повремено таа носела нови работници, а старите ги враќала во Србија за да не предизвика сомнеж. Дел од нив имале лажни хрватски и словенечки пасоши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот