Србија се врти кон Западот, откажана набавката на руски авиони

МИГ- 29

Србија многуверојатно ќе се откаже од купување на предходно најавените руски борбени авиони поради санкциите воведени кон Руската Федерација. Ова информација ја изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград минатата недела, пишува американскиот угледен магазин Блумберг.

Според Блумберг, српскиот лидер ветил дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана со цел да ги модернизира вооружените сили на земјата. Во исто време, тој укажа на можно купување на француски ловци Рафал наместо руски. Тој нагласи дека на земјата и се потребни силни фактори на воено одвраќање за да опстане како воено неутрална земја и дека српската армија мора да биде многу посилна во сегашните услови.

– Србија мора да има силна армија или во спротивно нема да постои затоа што за три дена би ја снемало како земја“ – рече Вучиќ и ги повика младите сонародници да се пријават во специјалните сили на српската армија, за што Министерството за одбрана објави конкурс минатата недела.

Според него, почетната плата за специјалците во двете елитни бригади на вооружените сили ќе биде околу 2.000 евра.

– Мора да имаме силна армија“, рече Вучиќ, повторувајќи дека сите земји вложуваат огромни суми пари во вооружување.

Во однос на француските повеќенаменски борбени авиони Рафал, Вучиќ напомена дека Србија преговара со Французите за нивно купување и дека тоа ќе биде најголемата распределба на српскиот воен буџет, вреден и до три милијарди евра.

Инаку, Србија веќе се соочува со проблеми околу увозот на делови за постоечката ловечка ескадрила на Миг- 29. Пред почетокот на војната во Украина, Белград од Москва нарача два воено транспортни авиони за потребите на српската војска, кои иако се веќе произведени во Русија, поради случувањата во Украина тие се уште не можат да се испорачаат на српските воени сили. Во исто време Србија размислуваше за набавка и модернизација на военото воздухопловство со нови модерни борбени авиони од руско потекло, но очигледно плановите се менуваат забележуваат дел од регионалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот