Србија оди на Мундијалот, со две победи ја елиминираше Словенија

Српските ракометари по четири години пауза се враќа на светските првенства/ фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Репрезентацијата на Србија го обезбеди пласманот на Светското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Полска и Шведска.

Најдобрите српски ракометари и на реваншот во Крагујевац триумфираа над Словенија овојпат со резултат 23:20.

По четири голови во победничките редови имаа Радивојевиќ и Илиќ, а на спротивната страна шест запиша Бомбач.

Потсетување дека на првиот меч одигран во Целје славеше составот на Тони Херона беше подобар со 31:34.

Учество на Мундијалот од европската зона досега обезбедија уште Хрватска, Исланд, Унгарија и Германија. Поради суспензијата на руските ракометари, селекцијата на Белгија е директно квалификувана на СП.

Бараж за СП 2023
(во заграда се резултатите од првите натпревари)

Хрватска – Финска 36:22 (34:21)
Србија – Словенија 23:20 (34:31)
Исланд – Австрија 34:26 (34:30)
Унгарија – Израел 31:22 (33:32)
Фарски Острови – Германија 27:33 (26:34)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот