Спречен десантот на украинските диверзанти за освојување на атомската централа Запорожје?

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Две диверзантски групи на украинската армија вчераутро се обиделе да ја заземат нуклеарната централа Запорожје.
Со седум брзи чамци сп околу 60 украински диверзанти преминале на другиот брег на вештачкото езеро Каховски, кое е оддалечено само три километри од нуклеарната централа. На овој напад реагирале руските сили, а била вклучена и авијацијата која врз диверзантите истрелала ракети. Овие наводи на извештаите на руските медиуми од теренот ги потврди Министерството за одбрана на Русија.

Украинска армија / Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Уништени биле и два брода на реките Днепар, кои требало да пренесат муниција за потребите на украинските диверзанти . Сето ова укажува дека во Киев сериозно сметале на воено преземање на нуклеарната централа, соопшти командата на руската армија.

украинска армија EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Раководството на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје соопшти дека се убиени 47 украински диверзанти, дека тројца се заробени, од кои двајца се тешко ранети. Уште 12 диверзанти се блокирани и не можат да стигнат до чамците што ги однеле од брегот во близина на нуклеарната централа.

Диверзантските акции на украинската армија Москва ги се смета како обид да се спречи работата на група меѓународни експерти на чело со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчер а пристигна во нуклеарната централа во Запорожје..

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Шефот на градската управа на оваа област соопшти изјави дека во изминатите 24 часа биле забележани повеќе од 60 напади на украинска артилерија и беспилотни летала, во кои според нив загинале тројца цивили.
Киев засега не ги коментира наводи наводната пропадната диверзантска акција, но ја обвини Русија дека нејзините војници стрелаат врз рутата каде треба да се движат и да направат инспекција инспекторите на МААЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот