Спасовски: Заканите за бомби имаат идентичен текст во цел регион, еден центар на моќ сака неспокој

За само година и половина имаме големо засилување на хибридните закани и напади, не само во Северна Македонија туку и во државите во регионот, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во гостувањето во ТВ „Шења“, осврнувајќи се на лажните дојави за бомби со кои земјава се соочува изминатите месеци.

„Такви се заканите и до училиштата, да создаваат чувство на страв. Но, тука државата покажа капацитет за да се сочува мирот и стабилноста. Пораките што тука ги добиваме, односно училиштата, се исти со тие од регионот, во Хрватска, во Србија, во Црна Гора, во Босна и Херцеговина и други, дури и текстот е идентичен само на друг јазик. Тоа значи дека има еден центар на моќ кој сака овој регион да го доведе во ниво на неспокој“, рече Спасовски.

Според него, сите капацитети во државата се ставени во функција на справување со хибридните закани.

„Соработуваме и со Интерпол и Европол, сите до еден се вклучени во процесот. Имаме сериозен проблем во детекцијата, бидејќи се користи ВПН-мрежата и тешко се доаѓа до ИП-адресата, па затоа ова е транснационален криминал, не можеме да дознаеме кој го прави, но знаеме зошто го прави – за да се спречат сите процеси за земјата и во регионот“, додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот