Спасовски: Се работи на вештачење на доказите од лажните дојави за бомби

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи/Фото: МВР

Во училиштата повеќе не стигнуваат дојави за бомби, а во моментов се работи на вештачење на материјалите и проследување на доказите за лоцираната група од Иран и Русија која праќаше лажни закани, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и додаде дека потоа ќе бидат поднесени кривични пријави.

Целосните детали, како што посочи Спасовски, ќе бидат објавени кога ќе заврши истрагата. Според него, не може да се одреди точна временска рамка кога ќе заврши вештачењето.

-Важно е да имате квалитетно завршена работа и тоа што ќе го поднесете да биде поддржано со доказ, додава тој и посочи дека процентуално, лоцираната група најмногу лажни дојави има пратено во јануари годинава.

Во однос на хибридниот напад врз Фондот за здравство, министерот информираше дека се уште се работи, бидејќи станува збор за обемен проблем, каде беа загрозени многу документи.

-И во овој дел имавме такви напади имавме и во Бирото за јавни набавки, така што таму се работи на целосно затворање на случајот, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот