Советот за безбедност повика да не се крши примирјето помеѓу Израел и Палестинците

Израелско и палестинско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Советот за безбедност на ОН ги повика Израел и Палестинците да го почитуваат договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти британската мисија во светската организација.

„Членовите на Советот за безбедност на ОН го поздравија договорот за прекин на огнот на 21 мај, признавајќи ја важната улога на Египет, земјите од регионот, ОН, Блискиот исток и другите меѓународни партнери. Советот за безбедност на ОН повикува на целосно почитување на договорот за прекин на огнот“, се вели во изјавата на британската мисија во ОН.

Членовите на Советот за безбедност на ОН ја повторија важноста од „постигнување сеопфатен мир заснован на визијата за блискоисточен регион со две демократски држави – Израел и Палестина – кои живеат една покрај друга во мир и во рамките на нивните безбедни и признаени граници”.

Сите членови на Советот за безбедност на ОН повикаа на итна хуманитарна помош за палестинските цивили, нагласувајќи дека палестинските власти имаат приоритетна обврска да се справат со последиците од израелските воздушни напади и штетата проценета на околу 350 милиони американски долари, како и да ги решат проблемите со снабдување со вода и струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот