Советниците го „избркаа“ мракот од Карпош, изгласаа да прекинат рестрикциите на уличното осветлување

Карпош во темница
Карпош во темница / Фото: Слободен печат.

После речиси година и пол штедење струја за улично осветлување, карпошани конечно ќе се движат по осветлени улици. Многубројните реакции и поплаки на граѓаните досега не наидоа на разбирање кај општинската власт.

Жителите се жалеа дека се чувствуваат небезбедно да се движат по локалните улици во целосна темница, дека со мобилни го осветлуваат патот, дека е зголемен бројот на кражби по автомобилите затоа што на арамиите им одговара мракот. Но, градоначалникот Стевчо Јакимовски не попушташе, објаснувајќи дека штедењето е неопходно затоа што до општината стигнуваат за наплата огромни суми на сметките за улично осветлување.

Денеска конечно, на продолжението на 31-та седница на Советот на Општина Карпош, мнозинството советници стави крај на мракот во општината.

Аирлија! Советот на Општина Карпош само што одобри прекинување на рестрикцијата на уличното осветлување во Карпош – објави Роберт Вељановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на ред е градоначалникот Јакимовски, кој треба да ја спроведе одлуката на Советот, за на карпошани конечно да им се „раздени“.

Штедењето во Карпош со исклучување на уличните светилки секоја ноќ по четири часа, а потоа со исклучување на секоја втора светилка на улиците, започна кон крајот на март минатата година. Од Општината тогаш тоа го објаснија како трешавање на проблемот со високите сметки за струја.

Ние ги решаваме нашите проблеми, а тие изгледаат вака: во март 2021 година сметката за улично осветлување изнесувала 1 217 233 денари, а во истиот месец годинава сметката изнесува 7 435 540 денари – соопштија од Општината за „Слободен печат“ кога започнаа рестрикциите на струјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот