Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушта седницата на Советот

Совет на Град Скопје
Совет на Град Скопје, Фото: Архива

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти денешната 54та седница на Советот, во знак на протест за ставањето на дневен ред на дополнителни точки кои немаат потврдена итност.

Во Советот на Град Скопје стана редовна пракса да се испраќаат материјали до советниците, пред самиот почеток на седницата, за советниците од опозицијата да немаат доволно време да се подготват, да направат анализа и да може да дадат квалитетен придонес во расправата по истите.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во насока на конструктивност во минатото прифаќала да се дискутира за материјали, но доколку имале итност и неодложност, што не беше случај со денешните точки: извештај за шест месечна работа на ЈП Водовод и Канализација и функционална анализа на ЈП Паркови и зеленило, за кои претпријатијата имале доволно време да ги подготват и да ги достават навреме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека ова се обемни извештаи кои бараат време за разгледување и не треба да се додаваат на дневен ред, но ова барање беше отфрлено од владејачкото мнозинство.

Во насока на јакнење на демократските капацитети, јавно бараме да престане оваа пракса на дополнување на дневниот ред со материјали кои не се итни, кои се важни, а за кои опозицијата нема реално време да ги разгледа.

Нагласуваме дека само со почит и примена на демократијата и слободата на говор, преку заеднички дебати на опозицијата и власта за важни прашања, Градот Скопје ќе може да оди напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот