Совети од Клиника „Жан Митрев“: Инконтиненцијата на урина сериозно го нарушува квалитетот на живот

Фото: Промо

Денес решавањето на стрес-инконтиненцијата на урина е исклучително ефикасно, а се прави со минимално инвазивна трансвагинална интервенција. Интервенцијата трае околу 15 минути, а хоспитализација е само еден ден, по што ќе може да се вратите на вашите секојдневни активности.

Стрес-инконтиненција на урината означува неволно истекување урина при кашлање, кивање, седење или кој било друг напор што вклучува активности што предизвикуваат зголемување на интрабдомналниот притисок. Причина е слабост на сложениот механизам на сфинктерна функција на мочниот меур.

Уринарната инконтиненција или попознато како подмочување е повеќе од здравствен проблем. Таа влијае врз луѓето на социјално, психолошко и емоционално ниво. Жените што имаат уринарна инконтиненција избегнуваат одредени активности или ситуации од страв да не доживеат инцидент што ќе ги направи да се чувствуваат засрамено и нелагодно. Уринарната инконтиненција може да го ограничи животот, но не мора. Инконтиненцијата може да се лекува штом ќе се идентификува основната причина.

Резултатите од студиите сугерираат дека висок процент жени од 34% до 45% на возраст над 30 години страдаат од стрес-инконтиненција.

Денес решавањето на стрес-инконтинецијата на урина е исклучително ефикасно, а се прави со минимално инвазивна трансвагинална интервенција. Оваа интервенција вклучува пласирање мала протеза во облик на лента направена од специјален материјал, која трајно ја врши функцијата на сфинктерот на мочниот меур.

Интервенцијата трае околу 15 минути, а хоспитализација е само еден ден, по што ќе може да се вратите на вашите секојдневни активности.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

Проф. д-р сци Васил Илиев
Специјалист гинеколог-акушер, супспецијалист хирург урогинеколог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот