
Совети од готвачи: 15 одлични трика за најсочно пилешко месо!
Пилешкото месо одамна зазема почесно место во нашите кујни. Поради своите здравствени придобивки, покрај рибата, тоа спаѓа меѓу оние видови месо што би требало почесто да ги консумираме.
Препорачано
Сепак, она што многу луѓе го забораваат е дека честопати нема смисла да се купува овој најнемасен вид месо ако подоцна го потопите во разни сосови што имаат премногу калории. Неколку лажички масло во пилешкото не значи крај на светот, но дефинитивно треба да внимавате со што го комбинирате.
Ви споделуваме неколку совети од готвачи во ресторани:
1. Месото секогаш мора да биде свежо. Замрзнатото пилешко не е најдоброто решение, бидејќи ја губи сочноста во процесот на замрзнување.
2. Ако ви се чини дека некои делови од пилешкото се потврди, како кожата на крилцата, посолете ги малку и оставете ги да отстојат.
3. Кога приготвувате пилешко во тава, мора да му оставете доволно место на секое парче за да се испече добро од секоја страна и да остане сочно.
4. Кога печете цело пиле, немојте да го сечете веднаш, туку оставете го да отстои неколку минути. Ќе биде многу посочно.
5. Кога пржите или печете пилешки гради, обидете се од секаде да бидат со еднаква дебелина, за да не се препечат рабовите и да не бидат тврди и суви.
6. Можете да добиете крцкава коричка на пилешкото така што пред печењето ќе го исушите пилето со хартиена салвета. Во спротивно, коричката ќе биде мокра.
7. Целото пиле ќе биде посочно ако во неговата внатрешност ставите малку лимон, лук и зачинско билје.
8. Месото треба да го печете околу 40 минути до еден час на температура од 200 степени. Ако сакате да биде уште посочно, покријте го пилето со фолија за печење и извадете ја при крај, за да се запече убаво коричката.
9. За да биде пилешкото помеко и посочно, ставете го да отстои во маринада од јогурт, кечап и вегета.
10. За да се испече полесно копанот, можете да ги извадите коските со пресекување на кожата околу горниот зглоб, па со засекување низ коската сè до другиот зглоб. Кога ќе се отвори така, одвојте го месото од коските, зачинете го и испечете го.
11. При печењето, треба повремено да го преливате пилето со сопствениот сок или да го премачкате со путер пред да го печете.
12. Пилешкото може да се премачка и со пиво, со што месото ќе добие слаткост и крцкавост.
13. За да ви биде ролатот од бело месо посочен, завиткајте во тенко исечкани парчиња сланина.
14. За бидат крилцата повкусни, пред да ги печете, ставете ги во маринада од вегета, лук, црвен пипер, пиво и мед и оставете ги да отстојат неколку часови.
15. Комбинацијата на лимонов сок и пилешко е многу вкусна, особено ако го прелиете месото со мешавина од маслиново масло, мајчина душица, рузмарин и свежо цеден сок од лимон.