Состојба со Ковид-19 до 19 часот

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Бројот на умрени во болниците во Велика Британија надмина 16.000 лица, соопшти Министерството за здравство.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.372.991 лицa. Од нив починати се 163.636, а оздравеле 611.747 луѓе.

– Бројот на умрени во болниците во Велика Британија надмина 16.000 лица, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа умреле 596 лица, што е најмало зголемување на дневна основа по речиси две недели, соопштимја здравствените служби. Регистрирани се речиси 6.000 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на инфектирани достигна 120.000 лица.

– Унгарија на 3 мај ја очекува кулминацијата на епидемијата на коронавирусот, а земјата дотогаш ќе има доволно респиратори, изјави денеска премиерот Виктор Орбан во видео на својот профил на Фејсбук. Орбан за време на посетата на  една болница кажа дека Унгарија наскоро ќе има 5.000 респиратори, а дека сега  има нешто над 2.000. Во Унгарија досега од Ковид -19 се заболени околу 2.000 лица, а умреа речиси 200.

– Бројот на умрени од Ковид-19 во Холандија во последните 24 часа се зголеми за 83, што е најниско дневно зголемување од 26 март, јавија британските медиуми. Во оваа земја 3.684 луѓе досега умреа од инфекцијата на коронавирус. Холандија досега има регистрирано 32.655 случаи на инфекција, при што во последните 24 часа потврдени се повеќе од 1.066 лица.

– Либанскиот министер за внатрешни работи  денеска соопшти дека од понеделник ќе стапи во сила одлуката за скратување на полицискиот час за еден час, пренесоа американските медиуми. Оваа одлука се воведува пред почетокот на светиот месецот Рамазан, за време на кој муслиманите, кои се мнозинство од населението во Либан, постат од изгрејсонце до зајдисонце.

– Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 39 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заболени се зголеми на 1.871. Од вчера се умрени осум пациенти, од кои сите имале тешки хронични состојби, а од почетокот на епидемијата се умрени вкупно 47 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

– До денеска во Швајцарија од Ковид-19 се умрени вкупно 1.135 лица. Британските навеудвата дека позоитивно на коронавирус сега се 27.740.

– Во БиХ денеска се хоспитализирани нови 73 лица заради инфекција со коронавирус, при што најмладо е едно бебе од Завидовиќ. Бебето е родено годинава, нема симптоми и во моментов е во добра здравствена состојба, изјави консултантот за односи со јавност на федералното Министерство за здравство Златан Перси. Во изминатите 24 часа во ФБиХ, 603 лица биле тестирани за вирус, а седум биле потврдени за инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот