ВИДЕО | Сопругата на ранетиот Србин: Кон нас пукаа како да не сме народ

Фото: Фејсбук/ Ана Делевиќ

Ана Делевиќ, сопругата на Милан Делевиќ, кој денеска беше ранет во автомобил, откако во него пукаа припадници на косовската специјална полиција, на Фејсбук објави видео на кое се гледа како на Милан му даваат лекарска помош.

„Мојот сопруг беше ранет од злобниците на Специјалната единица. Каде живееме ние, не убиваат и пукаат во нас како да не сме народ! За тоа што му го направија на мојот сопруг Милан Делевиќ далеку ќе одам,“, напиша Ана Делевиќ на Фејсбук.

Ана Делевиќ на Фејсбук сподели и фотографија од Милан Делевиќ со детето и запраша „терористи, сакате моето дете да остане без татко“.

„Мојот син до татко му, терористи, сакате моето дете да остане без татко, по ѓаволите!“, напиша таа.

Совозачот на Милан Делевиќ Д. С е неповреден, а целиот автомобил бил изрешетан од куршуми.

Делевиќ бил застрелан во пределот на левата страна на градниот кош и има прострелна рана со која итно бил пренесен во болницата во Краљево.

Косовската полиција на својата официјална Фејбук страна се огласи по повод инцидентот на пунктот на мостот Бистрица. Оттаму соопштија дека полицијата пукало во возилото, затоа што при обид да го застане тоа удрило во полициското возило, загрозувајќи ја безбедноста на полицајците.

„Денеска, 23 јануари, во Бистрица во Лепосавиќ по службена должност е распоредена полициската единица со цел одржување на јавниот ред и безбедност како и спречување на криминал и шверц.
Полициската единица која била на контролниот пункт се обидела да запре возило кое додека се движело удрело во возило на косовската полиција, со што директно биле загрозени животите на полицајците, кои пукале со огнено оружје за да ја неутрализираат опасноста по нивните животи.Осомничените го напуштиле местото на настанот заедно со своето возило, додека истрагата за случајот се спроведува во соработка и координација со правосудните органи.Во врска со случајот, полицијата на Косово го известила Полицискиот инспекторат на Косово за понатамошни постапки“, соопштија од Косовската полиција на својот Фејбук профил.

Србин тешко повреден од страна на косовските специјалци РОСУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот