Сончево со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.

Како што прогнозира УХМР, до понеделник времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

-Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот