
Сојот омикрон во Каталонија бил откриен во канализација кон крајот на ноември
Здравствените власти во шпанскиот регион Каталонија денеска објавија дека откриле потенцијални траги од сојот омикрон од коронавирусот во примероците од отпадните води кон крајот на ноември, пишува Ројтерс.
Препорачано
Доколку се потврди, тоа би значело дека варијантата била присутна во Каталонија пред или во исто време кога за прв пат беше пријавена во Јужна Африка пред седум дена.
Научниците стравуваат дека оваа варијанта со голем број мутации би можела да им одолее на вакцините и да ја продолжи пандемијата која трае речиси две години.
Шпанија откри два случаи на оваа варијанта и очекува да потврди уште два до крајот на неделата, но сите се со луѓе кои посетиле земји каде што е потврден сојот омикрон.
Во моментов, она што го имаме се знаци. Во некои области на Каталонија, има некои примероци со специфични мутации поврзани со оваа варијанта, рече регионалниот шеф на јавното здравство Кармен Кабезас на прес-конференција.
Таа додаде дека би можеле да бидат компатибилни и со алфа варијантата.
Тестовите за генетско секвенционирање ќе утврдат дали омикрон, чие присуство во Јужна Африка беше најавено на 25 ноември, веќе циркулираше во Каталонија во тоа време.
Холандските здравствени власти вчера соопштија дека оваа варијанта е откриена во Холандија на 19 ноември, пред да пристигнат два авиони со вирусот од Јужноафриканската Република.