Согласност за настава со физичко присуство не добија 14 средни и 94 основи училишта

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска./ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Од вкупно 325 основни и 27 средни училишта, настава со физичко присуство ќе има во 223 основни училишта, 13 средни, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. Не е дадена согласност за 94 основни и на 14 средни училишта.

Според листата што ја објави Владата, настава со физичко присуство ќе има главно со училишта во руралните средини и тоа во битолско, во општините Боговиење, Босилово, Брвеница, Делчево, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Могила, Ново Село, Охрид, Пробиштип, Ресен, Росоман, Струмица, Свети Николе, Маврово- Ростуше, Студеничани, Желино, Градско, Јегуновце, Виница, Шуто Оризари, Дојран, Кавадарци.

Листата на дадени согласности за организирање на настава со физичко присуство е поставена на веб страницата на владата на следниот линкhttps://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/izvestaj_25092020_-_celosen.pdf

Делумна согласност за организирање настава со физичко присуство Владата даде за музичките училишта во Кочани, Охрид, Неготино, Струмица, Кавадарци и Скопје и за централното основно училиште во Пробиштип.


Настава со физичко присуство може да се организира и во државното основно училиште за ученици со посебни во Ново Село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот