Фото: Скриншот/Икс

Социјалните мрежи се преплавени со мемиња: Најсмешните објави за прељубниците на концертот на „Колдплеј“

На концертот на групата „Колдплеј“ во Фоксборо, Масачусетс, што се одржа во средата вечер, камерата што снима публика „улови“ пар во интимен момент – маж со раце околу половината на жена која се обидува да го сокрие лицето. Тоа што на прв поглед изгледаше како романтичен миг, наскоро прерасна во вистинска интернет фрка.

Корисниците на социјалните мрежи експресно го идентификуваа парот како извршниот директор на компанијата „Астрономер“, Енди Бајрон, и директорката на човечки ресурси, Кристин Кабот.

Видеото „собра“ преку 34 милиони прегледи на ТикТок за само еден ден, откако фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, коментираше во живо: „Или имаат афера, или се многу срамежливи.“

И токму тука започна втората фаза – социјалните мрежи се преплавени со саркастични и иронични објави на сметка на наводната афера.

Во продолжение, погледнете ги едни најинтересните објави за најкоментираната тема во моментов.

ВИДЕО | Крис Мартин ги фати на дело? Оженет, моќен директор „уловен“ со љубовницата од човечки ресурси на концерт на „Колдплеј“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот