СО ПОРОШЕНКО ИСЧЕЗНАА И КОМПЈУТЕРИ: Од салата за итни состаноци однесени сервери!

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Соработниците на новиот украински претседател, Володимир Зеленски, обвинуваат дека неговиот претходник, Петро Порошенко, оштетил клучна компјутерска опрема во салата за состаноци кога ја напуштил функцијата.

Новиот претседател на Советот за национална безбедност и одбрана, Олександар Данилјук, изјави дека исчезнала опрема од просториите каде што претседателот држи итни состаноци за националната безбедност.

Данилјук објави видеоснимка на која е прикажана празна просторија со кабли што вират од ѕидовите, а кои претходно биле поврзани со компјутерски монитори. Тој верува дека соработниците на поранешниот претседател ги отстраниле серверите со доверливи информации.

Портпаролот на Порошенко, Свајатослав Цеголко, изјави дека доверливите податоци се наоѓаат во серверите на украинската безбедносна служба и другите безбедносни агенции, а не во просториите за состаноци.

Цеголко рече дека Порошенко од сопствени пари ја изнајмил опремата што се наоѓала тука, па затоа опремата била вратена назад.

Неговата изјава предизвика реакции кај Украинците на социјалните мрежи, кои прашуваат како земјата може да се бори против бунтовниците на исток потпирајќи се на изнајмена компјутерска опрема.

Прийшов, побачив…Немає слів. Розбиратися будуть правоохоронні органи.

Publiée par Alex Danylyuk sur Mardi 28 mai 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот