Со месеци работел „црвениот телефон“ меѓу Вашингтон и Москва, САД предупредувале да не се користи нуклеарно оружје

САД-Русија/ Илустративно фото: ЕПА

Соединетите Американски Држави веќе неколку месеци биле во тајна комуникација со Москва, при што Вашингтон ги предупредувал руските власти за тешките последици што следуваат доколку употребат нуклеарно оружје во војната во Украина, пишува денеска „Вашингтон пост“.

Според извори на весникот, aдминистрацијатa на Бајден намерно давала општи предупредувањa за последиците од нуклеаренн напад, за Кремљ да има главоболки околу тоа каков би бил одговорот на Вашингтон на таков напад.

„Обидите на Белата куќа да го создаде она што во нуклеарното одвраќање се нарекува „стратешка нејаснотија”, доаѓаат во време кога Русија продолжува со ескалирачката реторика за можна употреба на нуклеарно оружје наспорти мобилизацијата дома, за да се запрат руските воените неуспеси во источна Украина“, пишува весникот.

САД не откриваат каква е содржината на тие предупредувачки пораки, но факт е дека во изминатите месеци се ангажирани во постојана комуникација со Москва. Не се знае дали биле разменувани пораки и по најновата закана од претседателот Владимир Путин, кој завчера рече дека „не блефира“ кога се заканува со употреба на нуклеарни ракети.

Од почетокот на војната на крајот на февруари годинава, Русија неколкупати се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје. Од Вашингтон велат дека иако во Кремљ не се срамат да прават нуклеарни уцени, засега не е забележано разместување на руски нуклеарни оружја за подготовка за удар.

Завчера, по Путин, таква уцена испрати и Дмитриј Медведев, поранешниот премиер и претседател и актуелен шеф на Советот на безбедност во Кремљ. Тој преку „Телеграм“ предупреди дека ако Западот не престане да ја снабдува Украина со воена помош, Русија може да го употреби најновото „хиперсонично” оружје со цел да ја запре офанзивата и да ги замрзне придобивките на теренот.

„Она што треба да се признае е дека ова е можеби најстрашната епизода во оваа војна, кога атомско оружје може да биде употребено, за првпат после многу децении. Последиците од дури и таканаречена „ограничена нуклеарна војна” би биле апсолутно катстрофални“, велат познавачите за „Вашингтон пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот