Со „Флајборд“ го прелета Ламанш (ВИДЕО)

Француски иноватор е првиот човек кој го прелета каналот Ламанш со „Флајборд“.

Четириесетгодишниот Френки Запата утрово полета во 8:15 часот од Санжат, во близина на Кале, и слета во заливот Сент Маргарет во Довер. Летот долг 35,4 километри траеше 22 минути.

Тој првпат се обиде да го прелета Ламанш со својот изум пред десетина дена, но поради проблеми со доводот на горивото го одложи подвигот. Идејата беше да прелета на денот кога пред 110 години Луј Блероа прв го прелета Ламанш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот