Со чамец шверцувале свинско месо од Србија, приведени тројца Косовци

Косовската полиција уапси три лица кои со чамец шверцувале свинско месо од територијата на Србија на територијата на Косово. Полицијата соопшти дека во вторникот вечерта бил забележан чамец како се движи во Ујманското Езеро.

Откако чамецот застанал, пријавените зеле 4 вреќи свинско месо тешки 40 килограми и ги ставиле во објект во близина на локацијата каде што застанале.

Полицијата соопшти дека го одземала месото и моторот на чамецот, а осомничените се приведени во полициска станица поради шверц на стока. Потоа се пуштени, а одземената стока е предадена на косовската царина.

„При надзор на Ујманското езеро, забележан е чамец за кој постоело сомневање дека се префрлил од територијата на Србија на територијата на Република Косово. При набљудувањето, забележани се и сомнителни лица кои излегле од чамецот, кои натовариле 4 вреќи свинско месо во количина од околу 40 килограми, кои ги внеле во објект на таа локација. На местото на настанот излегле полициски единици, при што месото и моторот од чамецот се одземени, додека 3-ца пријавени се приведени во полициска станица.  По консултација на обвинителот истите се пуштени , додека одземената стока е предадена на косовската царина“, се наведува во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот