Смртна казна со бесење за четири Индијци кои силуваа и убија девојка

Фото: Профимедиа

Извршувањето на казната со бесење е закажано на 22 јануари, пренесува „АП“, повикувајќи се на новинската агнеција Прес траст од Индија (ПТИ).

Судот во Индија денес издаде налог за извршување на смртна казна над четири лица кои во 2012 година беа осудени за групно силување и убиство на девојка во автобус во Њу Делхи. Овој настан тогаш предизвика протести ширум целата земја и го привлече вниманието на светот поради честите случаи на сексуално насилство во оваа земја.

Извршувањето на казната со бесење е закажано на 22 јануари, пренесува „АП“, повикувајќи се на новинската агнеција Прес траст од Индија (ПТИ).

Според тамошните медиуми, оваа одлука се очекувала откако Врховниот суд во Индија минатиот месец ги одби последните жалби за ревизија на случајот за осудените лица. Претседателот на Индија и понатаму може да интервенира, но се очекува дека тоа нема да се случи.

Жртвата беше 23-годишна студентка, која е нападната кога се враќала дома од кино, заедно со свој пријател, кога шест мажи ги намамиле во еден автобус. Поради тоа што немало луѓе во близина, тие со шипката го претепале момчето, ја силувале девојката и ѝ нанеле тешки внатрешни повреди со истата шипка.

Девојката и нејзиниот пријател се исфрлени на улица, а таа почина две недели по настанот.

Четворицата се осудени на смртна казна, додека еден, како што се наведува, се обесил во затворот пред почетокот на судењето, иако неговото семејство тврди дека е убиен.

Шестиот напаѓач бил малолетен за време на нападот и осуден е на три години казна во поправен дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот