Службеник од Подмочани проневерил пари од ресенското комунално претпријатие

Ресен / фото: Фејсбук

Шефот на одделението за финансии во Јавното комунално претпријатие од Ресен во повеќе наврати земал пари од сефот на фирмата, а против него е поднесена кривична пријава за две дела, соопшти полицијата.

„Одделението за внатрешни работи Ресен, до Основното јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава против Б.Ш (49)од с.Подмочани, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” по член 235 и „проневера во службата” по член 354 од Кривичниот законик. Пријавениот, како раководител на Одделението за финансии и сметководство во Јавно комунално претпријатие „Пролетер” во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари“, се вели во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот