Словенија ги заострува ограничувањата на границите пред најавеното затворање на 11 дена

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Словенија од денска ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден. Патувањето во земјите од црвената листа, во кое се вклучени сите соседи на Словенија, ќе биде забрането, освен за транзит, стока и некои други исклучоци.

Освен секојдневните прекугранични патници, кои веќе треба да се тестираат на секои седум дена со брз тест за антиген, сите патници ќе треба да покажат ПЦР тест направен во земја на ЕУ или во Шенген зоната, со цел да се избегне задолжителен карантин.

Според Владата, главна причина зошто мерките на граница треба да се зајакнат е да се спречи очекуваното ненадејно зголемување на патувањата за време на Велигден, кога многумина од поранешна Југославија кои работат во Словенија ги посетуваат своите семејства.

Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и за приватните фирми.

Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.

Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велгиден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата.

Повторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот