Скопските полицајци годинава фатиле близу 300 криминалци-бегалци

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Во текот на 2021 година, скопската полиција фатила речиси 300 бегалци по кои биле распишани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор, лица под истрага со определена мерка притвор, лица под истрага, избегани од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги, соопшти МВР.

„Од страна на Оперативниот тим – потраги приведени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци“, се вели во сооопштението.

Организационите единици во рамки на СВР Скопје презеле оперативно-тактички мерки за да пронајдат и уапсат бегалци, при што се приведени 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.

Во текот на 2021 година редовно се прибираа и сознанија за лица по кои се трага, а се наоѓаат надвор од државата и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот