Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Загадување / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ денеска го рангира Скопје на шесто место во свет според загаденоста на воздухот со индекс од 165, а прво место во Европа.

Фото: Принтскрин

Според податоците на веб-страницата, најзагаден е воздухот во Лисиче, со индекс од 189.  Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост и во Центар, Карпош и Гази Баба.

Фото: Принтскрин

Во услови на загаден воздух, се препорачува малите деца, бремените жени, хроничните болни и повозрасните луѓе да не излегуваат на отворено, граѓаните да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз. Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, а граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот